ПЛ: Нов кикс на Јунајтед, Ливерпул победи во 96 минута, Лестер осамен на врвот!

Loading

Во Премиер лигата 29 коло донесе доста интересни трилер и изненадувачки натпревари.

rondon West Bromwich Albion v Manchester United - Premier League

Најпрво ВБА во прилично неинтересен меч славеше над Манчестер Јунајтед со голот на Рондон во 66.минута.

Големо влијание врз резултатот имаше исклучувањето на Хуан Мата, кој во периодот од 23 до 26.минута доби два жолти картони. Црвениот картон кој го доби против ВБА е прв за Шпанецот во неговата кариера.

mata red

На натпреварот Кристал Палас и Ливерпул, домаќините имаа предност од 1:0 и играч повеќе но на крајот не успееја да освојат нути еден бод.

Ледли му донесе водство на Кристал Палас по 1 час игра, а недолго потоа Милнер мораше надвор поради вториот жолт картон.

На 1-1 израмни Фирмино во 73.минута, кој искористи голема грешка на голманот на Палас, Мекарти.

Ливерпул, во 88.минута имаше голема шанса, но ударот на Морено заврши во дирекот.

Во 95.минута, Дилејни и Бентеке беа во дуел, напаѓачот на Ливерпул сам падна во шеснаесетникот, но судијата Маринер покажа на белата точка.

cry-liv1 cry-liv

Бентеке го изведе пеналот и му донесе значајна победа на Ливерпул во борбата за пласманот во Лига Европа.

Во лондонското дерби во ова коло Тотенхем и Арсенал одиграа 2-2, додека Лестер нагости го победи Вотфорд со 1-0 и ја зголеми предноста на табелата на +5 во однос на Тотенхем.

tott-ars