Мега понуда за Нејмар од Манчестер Јунајтед – 200 милиони евра!

Loading

Вниманието во фудбалска Европа го предизвика најавениот трансфер што би требало да се реализира ова лето.

neymar man

Нејмар со Барселона не направиа прогрес во преговорите за неговиот нов договор, а ситуацијата бурно ја следи Манчестер јунајтед кои се подготвени да ја исплатат откупната клаузула на Бразилецот од 140 милиони фунти.

Евентуалната плата на Нејмар во Манчестер сеуште не се знае, но се претпоставува дека црвените ѓаволи ќе го направат најдобро платен фудбалер на планетата.

Нејмар барем засега не успева да пронајде заеднички јазик со претставниците на клубот, но има и големи проблеми со шпанските власти, кои што го истражуваат неговиот трансфер од Сантос во Барселона.

Во него постои сомнение дека во себе содржи елементи на кривични дела поврзани со перење пари и избегнување на плаќање на данок.

Како ќе се одвиваат работите останува да видиме, но сепак тешко е да се верува дека Барселона туку така ќе се откаже од неговите услуги каде моментално игра во врвна форма.