Проблеми за Лестер, првиот стрелец Варди мора на операција на препоните

Loading

Напаѓачот на Премиерлигашот Лестер, Џејми Варди ќе мора да ги оперира препоните, што значи дека ќе отсуствува од терените 2 недели.

vardy

Тој оваа сезона е во неверојатна форма и моментално е лидер меѓу стрелците во Премиерлигата со 15 постигнати голови колку што има и Лукаку од Евертон.

Па така поради операцијата Варди, ќе го пропушти само натпреварот со Тотенхем во ФА купот, а треба да биде во тимот за првенствениот дуел со истиот противник на 13.јануари.

Лестер последните три натпревари ги одигра без постигнат гол, одигра две реми средби, а загуби од Ливерпул.