Во Цеље Македонија испушти победа над Словенија, за ново реми 23-23 во втората контролка

Машката ракометна репрезентација на Македонија во Цеље против Словенија го одигра и вториот од вкупно четирите контролни натпревари во рамките на последната фаза од подготовките за претстојното Европското првенство што од 15 јануари започнува во Полска.

slovenia-macedonia2

Според селекторот Ивица Обрван дуелите против Словенија на гостински терен се одлична можност да се провери моменталната подготвеност на ракометарите, а воедно да се почувствува барем делумно и притисокот од настап на гостински терен.

Па така по првото реми, Словенија и Македонија и во вториот контролен натпревар одиграа нерешено сега во Цеље со 23:23.

slovenia-macedonia1

Македонската репрезентација во 52. минута имаше три голови предност 23:20, но до крајот Словенија успеа да стигне до израмнување, иако последниот удар од 9 метри на Бомбач, голманот на Македонија Никола Митревски го одбрани.

Во 56. минута при гол предност за Македонија Борко Ристовски успеа да одбрани пенал. Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со 7 голови.

slovenia-macedonia

Македонската репрезентација се враќа во Скопје и по двата слободни дена новиот собир ќе биде на 8. јануари, а следните два контролни натпревара ги игра со Црна Гора во Скопје на 10. и 11. јануари.