Манчини на ладење еден натпревар по исклучувањето на Сан Сиро!

Роберто Манчини заработи суспензија од еден натпревар од Дисциплинската комисија на Серија А, по исклучувањето на неделниот натпревар против Милан поради протест кон главниот судија.

FBL-ITA-SERIEA-ACMILAN-INTER

Тренерот на Интер исто така треба да уплати и казна од 5000 евра. Тој жестоко реагираше кон главниот судија кој не досуди пенал по стартот на Донарума над Едер, а по консултација со делегатот, делителот на правдата го упати Манчини кон трибините.

Сепак ова е блага казна за Манчини со оглед на тоа дека делегатот по натпреварот потврди дека Манчини навредувал на разни начини, а притоа при напуштањето на теренот покажа и среден прст кон дел од навивачите на трибините.

Роберто Манчини ќе го пропушти натпреварот од 23. коло во Серија А кој Интер на домашен терен го игра против Киево.