Клоп со предупредување до Гвардиола!

Loading

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп предупреди дека неговиот добро познат колега ќе остане шокиран од компетитивноста на сите екипи во Премиер лигата, а по потписот на Пеп со Сити тој изјави:

pep-guardiola

,,Tој дефинитивно ќе ужива во оваа лига бидејќи сите екипи се компетитивни, а тој е роден борец.

,,Тоа е тоа што тој го сака, доаѓа во една фантастично изедначена лига, но сепак јас мислам дека тој ќе биде и малку шокиран,,

,,Нема да се соочи со иста ситуација како во Шпанија со Барселона или пак во Германија со Баерн, тоа се топ клубови, а Манчестер Сити е клуб кој има фантастична финансиска поддршка,,

,, Пеп знае зошто доаѓа тука, и верувајте дека не го прави тоа поради добрите пријателства со неколку луѓе од клубот,,

,, Сигурно нема да го поседува најлошиот тим, но јас го сакам фудбалот во Англија бидејќи тоа колку си добар не значи ништо. Еднаш или двапати покажавме дека можеме да ги победиме најсилните тимови, затоа го сакам фудбалот во Англија,, – изјави Клоп.