Цело богатство за трансфери ќе добие новиот менаџер на Сити, Пеп Гвардиола!

Вистинска еуфорија владее во Манчестер Сити по потпишувањето со новиот менаџер Пеп Гвардиола кој доаѓа ова лето.

guardiola-manchester-city

Навивачите слават, чекајќи го доаѓањето на трофејниот тренер од Баерн Минхен, веќе замислуваат за некои големи имиња кои треба да дојдат на Етихад стадионот.

Пеп на 1. јули ќе го замени Мануел Пелегрини, а за тригодишниот договор шпанецот ќе добие 60 милиони евра.

Стратегот од клубот ќе има на располагање цело богатство односно 200 милиони евра за нови трансфер засилувања во тимот, а како главни на листата на желби се Пол Погба за кого се спремни 100 милиони евра и дефанзивецот на Евертон, Џон Стоунс кој чини околу 50 милиони евра.

„Граѓаните“ сега се на делба на втората позиција во Премиерлигата со Арсенал со три бода помалку од лидерот Лестер сити.