Важна победа на ЖРК Вардар нагости против Букурешт со 30-25!

Loading

Ракометарките на ЖРК Вардар стигнаа до голема победа на гостувањето во Романија против Букурешт со 30:25, во рамките на 8 коло во Групата 2, во Лигата на шампионките.

vardar-csm-bukuresht

Со оваа победа ЖРК Вардар речиси ја обезбеди третата позиција на табелата, а во последните две кола ќе се обиде да ја нападне позицијата број 2 на која во моментов се наоѓа Ѓер.

Вардарки го одиграа еден од најдобрите натпревари во сезоната, во целост ја котролираше играта од самиот почеток и на крајот заслужено славеше.

ЖРК Вардар до победата го предводеа двете Андреи, Лекиќ која постигна 9 и Пенезиќ која постигна 7 голови.

ЖРК Вардар во следното коло на 21.февруари ќе го пречекаат европскиот првак Будуќност во Скопје.