Одиграни првите средби од осминафиналето во Лигата на шампионите.
До победите стигнаа домашните тимови, но ќе имаат многу тешка задача да ги одбраната резултатите од првите средби, а ПСЖ и Бенфика се стекнаа со минимална предност во првите мечеви. ПСЖ го совлада Челзи со 2:1, додека Бенфика минимално славеше над Зенит со 1-0.
ПСЖ беше подобар противник, иако и Челзи имаше свои шанси да го избегне поразот. Ибрахимовиќ го постигна првиот гол во 39.минута, од слободен удар, а на патот до голот топката го закачи Оби Микел и заврши во голот на Куртоа.
Челзи израмни во последниот напад, во првиот дел, по корнерот на Вилијан, во мешаницата најдобро се снајде Оби Микел за 1-1 по првиот дел.
Победата на ПСЖ му ја донесе резервистот Кавани во 79.минута, откако влезе во игра 5 минути претходно.
Бенфика и Зенит, во Лисабон, одиграа тврд натпревар, без речиси ниту една вистинска шанса за постигнување на гол, но сепак минимална предност на Бенфика и обезбеди Жонас кој погоди во 91.минута, откако една минута предходно Зенит остана со играч помалку поради црвениот картон на Кришито.
Реванш средбите се играа за две недели, а вечерва на програмата се нови две први осминафинални средби каде се среќаваат Рома-Реал Мадрид и Гент-Волфсбург.