ЛШ: Манчестер Јунајтед елиминиран, Роналдо и Реал рушат рекорди

Loading

Одиграно последното 6.коло во фазата по групи во Лигата шампионите во сегментот А-Д по кое се случи најголемото изненадување, Манчестер Јунајтед е елиминиран од понатамошните настапи.

man2

Јунајтед гостуваше кај Волфсбург и загуби со 3:2. Јунајтед водеше против Волфсбург, потоа германскиот вицепрвак направи пресврт за 2:1, вистинска драма се случуваше во последните 8 минути, најпрвин Гуилавуги со авто гол го израмни резултатот на 2-2, но само две минути подоцна Налдо со својот гол му ја донесе победата и првото место на Волфсбург.

Победа им требаше на Јунајтед за да останат во игра за осминафиналето но сепак не се случи тоа и тие настапапите во Европа ќе ги продолжат во Лига Европа.

WOLFSBURG, GERMANY - DECEMBER 08:  A dejected Louis van Gaal the manager of Manchester United reacts during the UEFA Champions League group B match between VfL Wolfsburg and Manchester United at the Volkswagen Arena on December 8, 2015 in Wolfsburg, Germany.  (Photo by Stuart Franklin/Bongarts/Getty Images)

man3

Драматично беше и на Филипс стадионот во Ајндховен, каде домаќинот и ЦСКА калкулираа речиси 75 минути, а потоа рускиот шампион стигна до предност со гол од пенал, но ПСВ со два гола до крајот направи пресврт.

Реал Мадрид пак запиша историски резултат, откако со 8:0 славеше над Малме и ја израмни најубедливата победа во историјата на Лигата на шампионите, во 2007 година кога Ливерпул со 8:0 го совлада Бешикташ.

Кристијано Роналдо, постигна четири гола и стана најдобриот стрелец кога е во прашање фазата по групи, тој на 6 натпревари постигна 11 голови со што го престгина Руд Ван Нистелрој.

roni-real

ПСЖ против Шахтјор забележа рутинска победа од 2-0 со головите на Моура и Ибрахимовиќ. Во оваа група Реал и ПСЖ одат во нокаут фазата, а Шахтјор ќе игра во Лига Европа.

Бенфика и Атлетико водеа битка за првата позиција во групата, на крајот победи шпанскиот тим, кој само ја потврди добрата форма и успеа да се реваншира за идентичниот пораз од пред месец и пол. Галатасарај освои бод против Астана и ќе игра во Лига Европа.

Севилја забележа минимална победа над Јувентус и благодарение на поразот на Борусија Мехенгладбах ќе продолжи во Лига Европа, каде ќе ја брани титулата освоена минатата сезона.

Голот за победа на Севиља против старата дама беше дело на поранешниот играч на Јувентус Љоренте. Борусија, во Манчестер, имаше предност од 43-та се до 80-та минута, а потоа Сити постигна три гола и победи со 4:2 за освојување на првото место во групата.