Кире Лазаров во тимот на колото во Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативец и капитен Кире Лазаров го предводи тимот на колото во ракометната Лига на шампиони.

lazarov

Иако неговиот тим Барселона загуби од полскиот првак Киелце со 33-31, Кире Лазаров постигна дури 12 голови, 9 од игра и 3 од пенал и неможеше да го спречи поразот.

Освен Лазаров во идеалниот тим на 10 коло се најдоа и Нарсис и Омејер од ПСЖ, Бомбач од ПИК Сегед, Лингдбое од Елверум, Стојковиќ од Брест Мешков и Туми од Монпелје.