Кевин Принц Боатенг заврши со Шалке, прави кам-бек во Милан!

Кевин Принц Боатенг и Шалке постигнаа договор за раскинување на соработката.

prince1

Веќе неколку месеци Боатенг се наоѓа во Милано каде тренира со екипата на Милан и официјално нема пречки да потпише договор со тој тим.

Тој ги доби документите од Шалке и не е повеќе нивни член и сега слободно може да потпише договор со Милан.

Боатенг треба ќе потпише договор со „росонерите“ до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

prince11

Принц пред да дојде во Шалке настапуваше за Милан од 2010 до 2013 година каде на 74 средби постигна 10 гола.