Кевин Принц Боатенг и Шалке постигнаа договор за раскинување на соработката.
Веќе неколку месеци Боатенг се наоѓа во Милано каде тренира со екипата на Милан и официјално нема пречки да потпише договор со тој тим.
Тој ги доби документите од Шалке и не е повеќе нивни член и сега слободно може да потпише договор со Милан.
Боатенг треба ќе потпише договор со „росонерите“ до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Принц пред да дојде во Шалке настапуваше за Милан од 2010 до 2013 година каде на 74 средби постигна 10 гола.