Итурбе од Рома со сензационален трансфер во Бурмаут!

Loading

Калчолигашот Рома реши својот млад играч Хуан Итурбе да го испрати во Англиската Премиер лига во тимот дебитант во лигата Бурмаут.

iturbe

Играчот на Рома оваа сезона не игра како што се очекуваше, откако минатата сезона во Серија А беше еден од најдобрите играчи во сезоната.

Итурбе имаше 18 настапи за Рома оваа сезона, но дури на 13 натпревари влезе од клупата, и воопшто немаше прилика да ги покаже своите квалитети.

Така тимот на Бурмаут со ова засилување ќе води голема битка за опстанок во лигата, а моментално имаат 20 бодови, колку и Норвич и Челзи.

Само Њукасл е во опасната зона за испаѓање со 17 бодови.

Сепак станува збор за позајмица која ќе биде до крајот на сезоната со опција за откуп на неговиот договор.