Калчолигашот Рома реши својот млад играч Хуан Итурбе да го испрати во Англиската Премиер лига во тимот дебитант во лигата Бурмаут.
Играчот на Рома оваа сезона не игра како што се очекуваше, откако минатата сезона во Серија А беше еден од најдобрите играчи во сезоната.
Итурбе имаше 18 настапи за Рома оваа сезона, но дури на 13 натпревари влезе од клупата, и воопшто немаше прилика да ги покаже своите квалитети.
Така тимот на Бурмаут со ова засилување ќе води голема битка за опстанок во лигата, а моментално имаат 20 бодови, колку и Норвич и Челзи.
Само Њукасл е во опасната зона за испаѓање со 17 бодови.
Сепак станува збор за позајмица која ќе биде до крајот на сезоната со опција за откуп на неговиот договор.