Српскиот стратег Душко Вујошевиќ замина во Франција, каде е именуван за нов тренер на актулениот француски шампион Лимож.
Дуле треба да го наследи Филип Ервио, поточно ќе може да соработува со двајца негови поранешни ученици, македонецот, Лестер Бо Мекејлеб и Лео Вестерман.
Лимож во моментов се наоѓа на 11 позиција во францускиот шампионат, а по испаѓањето од кошаркарската Евролигата настапува во Еврокупот.
Вујошевиќ седна на тренерското место во Лимож, да го врати клубот на победничките патеки.