Македонија договори две контролки со Бугарија и Словенија

Loading

Македонска фудбалска репрезентација на 29 март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија.

makedonija

Натпреварот ќе биде седми пријателски меѓу двете селекции, а во досегашните 6 пресметки Македонија има 2 победи, последната во 2013 година кога со головите на Агим Ибраими и Александар Трајковски славеше со 2:0.

На првиот пријателски дуел во Кочани во 1994 година беше 0:0, во Софија 1996 година Бугарите беа подобри со 3:0, во Скопје во 1996 година беше 1:0 за Македонија, во 2001 и 2006 година во Софија и Скопје, Бугарија не победи со по 1:0.

Пред мечот со Бугарија, Македонија на 23 март ќе гостува во Копер на контролен дуел против Словенија.