Повеќекратниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед е на 6. место на табелата, а менаџерот Луис Ван Гал е под закана за отказ.
Сепак тој даде интересна изјава:
,,Желбите од минатата сезона ги остваривме се пласиравме во ЛШ, а успеавме да направиме баланс во тимот. Резултатите од тоа беа видливи во октомври и во ноември, кога бевме на првото место во Премиер лигата. Следуваше елиминацијата од Лигата на шампионите, што беше тежок удар за нас и тоа и натаму е присутно. Може да се каже дека имавме добра година за нас,, изјави Ван Гал.
Манчестер Јунајтед ќе се бори за трофеј во Лигата на Европа, а беше на врвот на Англија во ноември, но со серија од 8 натпревари без победа падна на табелата.
Црвените Ѓаволи се без победа од 21 ноември кога го совладаа Ватфорд, но сепак ќе имаат можност да се поправат и да излезат од лошата серија веќе утре кога на домашен терен ќе играат против отпишаните Свонси.