Италијанскиот фудбалски клуб Рома бара засилувања кои ќе пристигнат во тимот во текот на зимскиот преоден рок.
Раководството на „волчицата“ е заинтересирано за ангажман на фудбалерите на Манчестер сити, Гаел Клиши и Бакари Сања.
Нивните договори со тимот од „Етихад“ истекуваат наредното лето.
Но тие немаат намера да ја продолжат соработката со овој премиерлигаш па поради тоа раководството на „граѓаните“ ќе се обиде да ги продаде во текот на зимата.