Поранешниот Ф1 пилот Марк Вебер објави крај на својата кариера

Поранешниот пилот во Формула 1, Марк Вебер објави крај на својата кариера по завршувањето на оваа сезона.

вебер

40-годишниот Австралиец ќе се повлече по последните три стартa во Светскиот шампионат на издржливост, каде што се натпреварува од 2014 година.

Вебер мина 12 последователни сезони во Формула 1 меѓу 2002 и 2013 година.

Тој запиша 9 победи и 42 подиуми во 215 трки со тимовите на Минарди, Јагуар, Вилијамс и Ред бул.

Во 2010, 2011 и 2013 година Австралиецот заврши трет во генералниот пласман.

Откако заврши со Формула 1, тој влезе во Светскиот „ендуранс“ шампионат со тимот на Порше.

вебер1

Во тим со Брендон Хартли и Тимо Бернхард, Вебер забележа три подиуми во првата сезона, а во втората ја освои титулата по 4 победи и вкупно 7 подиуми од 8 старта.

Оваа година тие се четврти на табелата, откако триумфираа во последните три трки.

,,Ќе ми недостига високата брзина и трките, но сакам да се повлечам додека сум на високо ниво, рече 40-годишниот Вебер.

Марк е олицетворение на сè што Порше олицетворува спортсменство, амбиција, издржливост и здрава работа на патот кон успехот.

,,Му благодариме за одличното претставување во светскиот шампионат и се надевам дека во иднина тој ќе остане тесно поврзан со Порше, изјави претседателот на бордот на директори во германската автомобилска компанија Оливер Блум.