Новак Џоковиќ ја изгуби страста кон тенисот!

Loading

Лидерот на светската АТП листа, Новак Џоковиќ изјави дека не се чувствува добро и дека полека ја губи страста кон тенисот.

џоковиќ рио

Носителот на 12 титули од Гренд слем турнирите изјави дека тоа му се случило по освојувањето на “Ролан Гарос”.

“Да бидам искрен, многу сакам повторно да играм како порано.

,,Посакувам повторно да можам да уживам во играта. Некако по Париз и Ролан Гарос ја изгубив љубовта кон тенисот.

,,Чувствувам во последните месеци дека нешто не е како што треба. Не се справив добро на Олимпијадата, имав повреди.

,,Генерално, сепак овој период е прилично бурен за мене. Сепак сезоната беше одлична за мене, а сеуште не е завршена.

,,Очекувам на турнирите во Азија да бидам во добра форма и здрав “, изјави Џоковиќ.

Србинот стигна и до финалето на УС Опен, но загуби од Стен Вавринка. Пред тоа беше елиминиран уште во првиот круг на Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

џоковиќ

На претстојните турнири ќе мора да игра затоа што е шампион на мастерсите во Пекинг, Шангај, Париз и завршниот во Лондон.

Па доколку не игра ќе загуби многу бодови со што ќе му биде загрозено и првото место на АТП листата.