Валенсија се повеќе тоне…Отказ доби и Ајестаран, наследник е Манчини!?

Loading

Во само 4 средби, раководството на шпанскиот тим Валенсија реши одново да го менува тренерот.

пако

Па така отказ доби тренерот Пако Ајестаран.

Валенсија по четири одиграни натпревари е единствениот тим без освоен бод.

Порази во воведните 4 кола во Примера, од Лас Палмас, Еибар, Бетис и Билбао, беа јасен сигнал за челниците од „Местаља“, да му врачат отказ на Ајестаран.

Пако кариерата ја започна како асистент на Рафа Бенитез во Ливерпул, на клупата на Валенсија седна во март годинава, кога го наследи Гери Невил.

пако1

Се шпекулира дека еден од кандидатите за тренерската позиција во Валенсија е поранешниот тренер на Манчестер Сити и Интер, Роберто Манчини.