Стартува новата сезона во Лигата на ракометните шампиони!

Loading

Вечерва со натпреварот меѓу Бешикташ и Брага започнува новата сезона во машката ракометна лига на шампиони.

ехф

 

Македонија сезонава покрај екипите на Вардар и Металург, во ЛШ ќе има и неколку поединци.

Дејан Манасков со Рајн Некар, Борко Ристовски и Кирил Лазаров со Барселона, Велко Маркоски со ППД Загреб и Немања Прибак со Бешикташ ќе бидат дел од ЕХФ лигата на најдобрите клубови.

РК Вардар повторно ќе игра во една од двете најквалитетни групи.

Наши ривали се екипите на Рајн Некар, Кјелце, ППД Загреб, Мешков, Целје, ПИК Сегед и Кристијанштад.

Првите 6 продолжуваат во следната фаза. Победникот игра директно во четвртфиналето, а оние од 2 до 6 место во осминафиналето.

сезона 16/17

Вардар првиот натпревар од новата сезона во ЛШ ќе го одигра на 25 септември нагости кај Кристијанштад.