Во првата фудбалска лига на Македонија се одиграа натпреварите од 6.коло.
Лидерот Вардар во градското дерби го победи Работнички со 1-0 на арената Филип 2.
Бобан Николов е херојот на „црвено-црните“ кои ја продолжија победничката серија.
Голот падна во 28. минута кога Балотели шутираше од далечина, Шишковски одбрани, а топката од стативата дојде до Николов кој реализираше за водство кое значеше и победа.
Во другите средби Шкендија со убедливи 3-0 ја совлада Македонија Ѓорче Петров.
Хасани постигна два гола, еднаш Џангаровски ја затресе сопствената мрежа.
Шкупи го победи Пелистер со 2-1, а немаше голови на натпреварите Победа-Брегалница и Силекс-Ренова.
По шест одиграни кола, Вардар е прв со 16 бода, Работнички има 12, Пелистер и Шкендија по 10, но тетовскиот тим има и натпревар помалку.
Следното 7 коло се игра на 25 септември каде ќе гледаме нов дерби натпревар помеѓу Работинички и Шкендија.
Инсерти од мечот…