Неочекуван висок пораз на кошаркарите од Велика Британија

Loading

Македонија неочекувано високо беше поразена од Велика Британија со 96:79 во дуелот од квалификациите за ЕП 2017.

Macedonia_

Македонските репрезентативци имаа водство само по првата четвртина, која ја добија со 30:28, а потоа домаќините ги презедоа работите во свои раце и остварија убедлива победа.

Војдан Стојановски постигна 28 поени, додека кај Британците, Ерик Боатенг постигна 18, а Бен Гордон постигна 17 поени за домаќините.

За нашата репрезентација ова е прв пораз по два одиграни натпревари, а Британците имаат ист скор откако во првата рунда загубија од Унгарија која веќе собра две победи.

Следниот дуел во рамките на квалификациите „црвено-жолтите“ го играат во среда против тимот на Унгарија во салата „Јасмин“ во Кавадарци.