На „Стад де Франс“ Ирска и Шведска одиграа без победник 1-1, во рамките групата Ф на ЕП 2016 во Франција.
Швеѓаните без ниту еден шут во рамките на голот дојдоа до погодок и го избегнаа поразот, а Ирска поведе со голот на Вес Хулах во 48, додека Шведска изедначи во 71 минута со автоголот на Кјаран Кларк по ударот на Златан Ибрахимовиќ.
Ирска беа значително подобри во првото полувреме, создадоа неколку добри можности за постигнување погодок, а најдобрите ги имаа во 15 и 32 минута.
Прво Кларк со глава ја продолжи топката на втората статива, а на О’Ши му недостигаа само неколку сантиметри да ја уфрли топката во мрежата, додека втората шанса ја имаше Хендрик кога ја погоди стативата.
Во второто полувреме уште во 48 минута Шејмас Колемна се проби по десната страна и одлично нафрли за Вес Хулах, кој со полуволеј ја доведе својата репрезентација во водство.
Шведска по примениот гол делуваше безидејно и јалово, како сите да очекуваа проблемите да ги реши Златан Ибрахимовиќ.
Тоа и се случи, откако довчерашниот играч на ПСЖ влезе крај корнер линијата во казнениот простор на противникот остро нафрли пред ирскиот гол, а Кларк со глава ја смести топката во сопствениот гол за конечни 1-1 и по бод за двете репрезентации во оваа група.
Ова се головите на мечот…