Вниманието во фудбалска Европа го предизвика најавениот трансфер што би требало да се реализира ова лето.
Нејмар со Барселона не направиа прогрес во преговорите за неговиот нов договор, а ситуацијата бурно ја следи Манчестер јунајтед кои се подготвени да ја исплатат откупната клаузула на Бразилецот од 140 милиони фунти.
Евентуалната плата на Нејмар во Манчестер сеуште не се знае, но се претпоставува дека црвените ѓаволи ќе го направат најдобро платен фудбалер на планетата.
Нејмар барем засега не успева да пронајде заеднички јазик со претставниците на клубот, но има и големи проблеми со шпанските власти, кои што го истражуваат неговиот трансфер од Сантос во Барселона.
Во него постои сомнение дека во себе содржи елементи на кривични дела поврзани со перење пари и избегнување на плаќање на данок.
Како ќе се одвиваат работите останува да видиме, но сепак тешко е да се верува дека Барселона туку така ќе се откаже од неговите услуги каде моментално игра во врвна форма.