Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе постигна договор со Реал Мадрид, тврди познатиот француски фудбалски инсајдер Санти Ауна.
Наводно, Мбапе се согласил да му се приклучи на Реал на лето кога ќе му истече договорот со ПСЖ.
Да потсетиме, Французинот пред неколку дена изјави дека се уште не донел одлука за својата иднина.
“Тоа е многу важно, како што реков, имаме титули кои сакаме да ги освоиме. Потоа, се уште не сум одлучил. Не сум направил избор”, изјави Французинот на 4 јануари.
Во 2017 година, Мбапе се пресели во ПСЖ на позајмица од Монако. А потоа потпиша договор од 180 милиони евра со парискиот клуб.
Како слободен играч можеше да си замине од Паркот на принцовите на крајот од сезоната 2021/2022, но потоа го продолжи договорот на две години, со можност за продолжување на соработката уште една година.
Мбапе го известил клубот дека не сака да ја искористи таа опција, па не замина со тимот на претсезонската турнеја низ Јапонија. Потоа се врати во првиот тим, откако, како што соопштија од клубот, се воделе многу конструктивни и позитивни дискусии.
Мбапе игра одлично оваа сезона, на 24 натпревари за францускиот тим постигна 25 гола во сите натпреварувања.