Ако го сакаат откритието од ЛШ, Барселона и Јунајтед ќе треба да си платат 120 милиони евра!

Loading

Барселона и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за 21-годишниот играч од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез, тврди португалски Рекорд, наведувајќи дека каталонскиот клуб во него гледа замена за Серхио Бускетс.

фото: EFE

„Несомнено, Енцо Фернандез стана едно од откритијата во Лигата на шампионите. Аргентинскиот играч за врска предизвика восхит поради начинот на кој ја води играта. Се покажува дека неговата цена ќе биде висока затоа што нема многу такви играчи“, додава шпански, Спорт.

Спорт претходно пишуваше дека Барселона го следи развојот на Фернандез во Бенфика, на која летово дојде од Ривер Плата за 12 милиони евра.

Каталонците го следеа кога играше во Аргентина, но тогаш не можеа да го доведат поради финансиски проблеми. Според Transfermarktо, Фернандез вреди 35 милиони евра и има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Наводно и Ливерпул е заинтересиран, но се уште не направил конкретен потег околу трансферот.

фото: Gualter Fatia/Getty Images)

Договорот на Фернандез е до 2027 година. Со Бенфика ја освои групата Х од Лигата на шампионите пред ПСЖ и Јувентус, а оваа сезона на 23 натпревари постигна три гола и асистираше на четири.