Жозе Мурињо сака значително да го засили тимот на Рома ова лето и следната сезона да се бори за врвот во Серија А.
Откако ја освои Конференциската лига, раководството е спремно да му даде солиден буџет на „Специјалниот“, а веќе пристигна првото засилување, Немања Матиќ.
🟡🔴Un elegantissimo Nemanja #Matic atterrato alle 10.15 a Ciampino per il suo primo giorno da giocatore dell’#ASRoma🐺
📸Foto e sorrisi di rito, la firma sulla maglia di due bambini e ora a Villa Stuart🏡@calciomercatoit pic.twitter.com/cePKeiCGz7— Francesco Iucca (@francescoiucca) June 13, 2022
Италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо работи на доведување на уште една голема ѕвезда, а станува збор за велшанецот Герет Бејл.
Тој во моментов е слободен агент откако му заврши договорот со Реал Мадрид, а Мурињо има одличен однос со Велшанецот.
Бејл има понуди од Премиер лигата, но е спремен да ја прифати понудата на Мурињо и да се пресели во Серија А.
Дали на повидок е нова трансфер бомба во Италија останува да видиме во наредните денови.