Финецот Кими Раиконен и следната година ќе му биде клубски колега на Себастијан Фетел во болидот на Ферари.
Италијанскиот тим, размислуваше да се откаже од услугите на Раиконен кој во не импресионира со формата, но сепак реши да го продолжи договорот со светскиот првак од 2007 година.
„Сакам тука да ја завршам својата кариера“, изјави Раиконен кој му ја донесе последната титула на Ферари во конкуренција на возачите.
Раиконен се наоѓа на петтото место во генералниот пласман кај возачите со 76 бода, еден помалку од сонародникот Валтери Ботас кој најчесто се спомнуваше како негова замена во Ферари.
Пред двајцата Финци се наоѓаат Фетел со 160, Нико Розберг со 181, а лидер е актуелниот светски првак Луис Хамилтон со 202.
Утре по едномесечна пауза се вози 11 трка во шампионатот за големата награда на Белгија на патеката Спа.