full screen background image
Последни Вести

Започнува плејофот во Лигата на фудбалските шампиони!

Со натпреварот Астана против АПОЕЛ денеска започнува плејофот за Лигата на шампионите по што ќе бидат познати сите тимови што ќе играат во групната фаза оваа натпреварувачка сезона.

plejoff CL

Натпреварите ќе се играат денеска и утре, а реваншите на програмата се за една недела. Најинтересно се очекува да биде на натпреварот кој се игра утре, каде се среќаваат Валенсија и Монако, а денеска Лацио го пречекува Баер од Леверкузен, додека Манчестер Јунајтед игра на домашен терен против Клуб Бриж.

Останатите денешни двојки се Бате Борисов – Партизан, Спортинг Лисабон – ЦСКА Москва, а утре се среќаваат Базел – Макаби Тел Авив, Селтик – Малме, Рапид – Шахтјор Донецк и Скендербеј – Динамо Загреб.