Тенисерот од Мајорка, Рафаел Надал испиша нова историја на светскиот тенис и гренслем турнирите.
Шпанецот го победи во финалето Стен Вавринка со убедливи 3-0 во сетови 6-2, 6-3 и 6-1 и ја освои јубилејната 10-та титула на гренслем турнирот во Париз.
Со тоа Надал стана првиот тенисер кој успеал да дојде до десет титули на отвореното првенство во Франција.
Чекаше три години повторно да го подигне драгоцениот пехар на Роланд Гарос, а до 10-тата круна стигна без да загуби сет на турнирот.
Надал го освои 15-от гренслем трофеј и е на само три од Швајцарецот Рожер Федерер кој има 18 во кариерата.
Тој и понатаму продолжи да доминира на земјена подлога откако ги освои турнините во Барселона, Монте Карло и Мадрид, а само во Рим беше поразен од Тием.
Вавринка пак не стигна до втората гренслем титула во Париз, а во 2015 го подигна пехарот откако го победи Ѓоковиќ со 3-1 во сетови.
Историски моменти за Надал во Париз…
https://www.youtube.com/watch?v=JSVy4OGGZLE