Видео: Интер со пресврт ја тресна од земја старата дама на Сан Сиро!

Loading

Во Италија, Интер го победи Јувентус со 2-1 во на Сан Сиро во дербито на Серија А.

интер-јувентус

Домаќинот во 230-от меѓусебен дуел ја забележа 71-та победа со која најавува подобри изданија во продолжение на сезоната.

Јувентус прв стигна до водство преку Лихштајнер во 66-та минута кога го искористи центаршутот на Алекс Сандро.

Сепак Интер веднаш возврати, најпрвин Икарди одлично скокна на нафрлената топка од страна Банега, а потоа Аргентинецот му асистираше на Перишиќ, кој во 80-та минута ги постави конечните 2-1.

перишиќ

Јувентус по првиот сезонски пораз падна на второто место каде лидер сега е Наполи кој има 10 бодови.

Инсерти од мечот…