Жозе Мурињо промовиран во нов тренер на Манчестер Јунајтед!

Loading

Жозе Мурињо e новиот менаџер на Манчестер Јунајтед откако клубот реши да му врачи отказ на Луј Ван Гал.

welcome jose

Раководните луѓе на Манчестер Јунајтед не беа задоволни од Ван Гал, бидејќи не успеа да избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите, иако го освои ФА купот на Англија.

Манчестер Јунајтед во Премиерлигата и наредната сезона ќе игра во Лига Европа.

Ван Гал, кој имаше уште една година од договорот со Јунајтед, беше отпуштен, а денеска клубот го престави Жозе Мурињо.

мурињо1

Португалецот остана без работа од декември минатата 2015 година кога поради лошите резултати доби отказ во Челзи, по освоената титула претходната година.