Започна новата сезона во Лигата на ракометните шампиони – Македонија првпат не е во елитата по 22 години!

Вечерва со мечевите од 1.коло стартуваше новата сезона 2022/23 во Лигата на ракометните шампиони.

ехф

За жал Македонија оваа сезона првпат по 22 години ќе нема претставник во елитното натпреваруње откако ЕХФ најпрво го вклучи, а потоа и го исклучи нашиот единствен состав РК Вардар во натпреварувањето.

За првпат по сезоната 2000/01, кога Македонија поради инцидентот на финалето меѓу Кометал ЃП и Хипо беше суспендирана од ЕХФ, нема да има машки клуб што ќе игра во елитата.

Па така сега ни останува да гледаме елитен ракомет само на ТВ екраните, а РК Вардар ќе игра во домашното првенство и СЕХА лигата.

Со ова неиграње на Вардар, значително ќе падне нашиот рејтинг во машкиот клубски ракомет, па така станува јасно дека тешко ќе може да се надеваме на директно место во ЛШ, и покрај тоа што РК Вардар е двоен шампион.

Па така од сезоната 2024/25 ќе се „молиме“ за вајлд-карта.

Лига на шампиони, 2022/23, 1 коло:

група А
Загреб – ГОГ Гудме
Веспрем – ПСЖ
Висла Плоцк – Порто
Динамо Букурешт – Магдебург

група Б
Кил – Елверум
ПИК Сегед – Барса
Алборг – Целје
Келце – Нант