ВНИМАНИЕ! За ова во Катар се добива смртна казна – Еве што е се забрането на СП 2022!

Loading

Светското првенство 2022 во Катар ќе биде специфично по многу нешта.

Како прво, сите забележуваат дека ќе се игра во различно време, па затоа натпреварите нема да се играат на лето, туку во ноември.

Но, тоа ќе биде специфично за навивачите кои ќе мора да бидат многу внимателни! Катар е регулиран со шеријатскиот закон и затоа се почитуваат некои правила на кои фудбалските навивачи не се навикнати.

Властите во Катар најавија дека нема да има отстапки за никого. Тоа што значи дека навивачите ќе можат да добијат затвор, парични казни, но и смртна казна!

Сексот надвор од бракот е забранет во оваа земја, а катарските закони се такви што сексуалниот однос со личност со која не сте во брак е проследен со дури седум години затвор!

Полицијата ќе апси за многу помалку, бидејќи бакнувањето и држењето за рака е забрането …

Она што се чини дека е најголемиот проблем за повеќето фанови е тоа што алкохолот ќе биде апсолутно забранет. Единствените што ќе можат да пијат се оние кои скапо ги плаќаат ВИП местата.

Нема да може да се пие на стадиони и улици бидејќи е забрането, но дозволено е конзумирање алкохол во хотели и барови.

А она што по никоја цена нема да се толерира се наркотиците! Можно е дури и смртна казна за употреба на дрога!

„Властите во Катар нема да имаат исклучоци за домашните или странските државјани. Странските амбасади немаат моќ кога станува збор за злосторства, особено за прекршување на законот за дрога. Оние кои се обидуваат да внесат било какви наркотици, особено тешки како кокаин, ризикуваат затвор, смртна и парична казна“, објасни неодамна висок функционер на британската полиција, Марк Робертс.

Катарските закони велат дека минималната казна за шверц на дрога е 20 години затвор. Паричните казни ќе се движат од 22.000 до 65.000 евра.

ПАЗЕТЕ ШТО ПРАВИТЕ, ЗА ОНИЕ КОИ МИСЛАТ ДА ОДАТ ВО КАТАР ЗА ВРЕМЕ НА СП 2022!