(ВИДЕО) Ова ретко се гледа – Новата магија на Дончиќ која го воодушеви светот!

Loading

Од Лука Дончиќ видовме се, но со овој потег тој повторно го воодушеви светот

Одличниот словенечки кошаркар моментално настапува за својата репрезентација, а на пријателскиот натпревар со Италија покажа зошто е еден од најдобрите играчи во НБА лигата.

Видеото како ја додава топката со молскавична брзина до Јакоб Чебашек го обиколи светот.

Лука тргна кон кошот, а потоа на изненадување на сите одзади му ја врати топката на својот соиграч. Изгледа дека самиот Чебашек беше целосно изненаден.

За среќа погоди шут за три поени, а асистенцијата на Лука вроди со плод.

Погледнете го овој потег:

Словенците без премногу проблеми славеа против Италија со 90:71. Дончиќ беше најефикасен со 12 поени за 24 минути. Го следеше Горан Драгиќ со 11 поени.