(ВИДЕО) Животна приказна: Играше со Роналдо, Бекам и Зидан, ја освои ЛШ, а сега продава тутун за да преживее!

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Оскар Минамбрес со години продава тутун за да заработи пари за да го прехрани своето семејство.

фото: Cordon Press

Минамбрес беше големата надеж на моќниот Реал. Ја помина младинската школа на кралскиот клуб и во ерата на славните „Галактикоси“ во 2002 година дебитираше за првиот тим.

Соблекувалната ја делеше со ѕвезди како Роналдо, Зидан, Фиго, Бекам, Раул, Роберт Карлос… За жал, бројните проблеми со повредите го спречија да направи сериозна кариера и финансиски да се обезбеди до крајот на животот.

Шпанскиот фудбалер, кој играше на позицијата десен бек, имаше петгодишен договор со Реал, а настапи на вкупно 42 натпревари.

фото: Imago

Кралскиот клуб во сезоната 2004/05. го даде на позајмица во Еспањол, но и таму немаше среќа. Тој се здоби со тешка повреда на коленото и мораше да паузира повеќе од една година.

По враќањето во Реал не доби шанса, па по истекот на договорот замина во Херкулес. Практично по првиот тренинг повторно почувствува болка во коленото, по што следеше брз раскин на договорот и неславен крај на кариерата на 26 години.

Оскар денес има 41 година и е принуден да продава тутун за да преживее.

,,Морав да се грижам за семејството, тоа е најважно“, вели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид кој сега работи во киоск со сопругата.

„Никогаш не сум бил пушач, не ја сакам работата што ја работам, но што е тука е. Тоа не е остварување на сонот, но ниту фудбалот не е се во животот. Штета е што мојата кариера заврши предвреме, имав чуство дека можам да играм долго, долго“, вели Оскар, кој со Реал го освои трофејот во Лигата на шампионите во 2002 година.