Голем удар за тенискиот гренслем Вимблдон – Ова никој не го очекуваше!

Loading

Некои медиуми јавуваат дека челниците на двете тениски организации ќе се сретнат следната недела во Мадрид.

вимблдон1

Темата што ќе биде присутна таму е потенцијалното одземање на бодови на гренслемот Вимблдон за АТП и ВТА листите.

Тоа на некој начин може да значи дека овогодинешниот турнир на Вимблдон би можел да биде на ниво на егзибиција со голем награден фонд.

Има и други опции кои ќе бидат разгледани, а една од нив вели дека на тенисерите и тенисерките од Белорусија и Русија би можеле да бидат замрзнати или да им бидат доделени бодови врз основа на резултатите од минатото.

Што ќе се случи од се останува нејасно, но индикативен е односот и на АТП и на ВТА дека, како што изјави претседателот на ВТА, Стив Сајмон, „жестоко одговараат“ на ставот на ЛТА и на Вимблдон.

вимблдон

Се верува дека средбата ќе се одржи пред мастерс турнирот во двете конкуренции во Мадрид.

Тенискиот гренслем Вимблдон започнува на 27 јуни.