Грчки АЕК вечерва (20:45 часот) во Атина го пречекува Динамо од Загреб во одложениот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.
По страшните нереди во кои загина навивачот на грчкиот клуб Михалис Кацурис, УЕФА одлучи да го одложи натпреварот.
Во вторникот го одиграа првиот натпревар во Загреб и АЕК по пресврт славеше со 1:2, а денеска е закажан реваншот во Атина.
По страшните настани владее невидена тензија. Натпреварот беше прогласен за натпревар од висок ризик и безбедносните мерки беа подигнати на највисоко ниво.
На грците им дојде памет и сега ништо не оставаат на случајноста.
На граничните премини кон Грција има задржувања бидејќи се е проверено и не се пропуштаат хрватски државјани да влезат во земјава.
На стадионот „Опап“, каде што ќе се игра натпреварот, според грците ќе има илјадници полицајци. Ангажирани се хеликоптери и дронови кои го прелетуваат стадионот.
Портите на стадионот ќе се отворат три часа пред натпреварот, а на трибините се очекува да има околу 30.000 навивачи. Се разбира, само на АЕК.