Видео: Рибери се врати по 8 месеци пауза, Баерн загуби првпат сезонава!

Loading

Борусија Менхенгладбах им одржа вистинска лекција на фаворитите и лидери во германската Бундеслига тимот на Баерн Минхен со 3-1.

bayern lost

Тимот на Андре Шуберт одигра феноменално против Баерн и заслужено стигна до победата и трите бода со што повторно ја направи трката за титулата интересна. Првото полувреме заврши без погодоци 0-0, но затоа голови имаше во второто полувреме каде се постигнаа дури 4 од кои 3 во мрежата на Мануел Ноер.

Во 54. минута Вент им донесе предност на домаќините, а кога се очекуваше жесток противудар од Баерн следеше нокаут за две минути, во 66. минута Штиндл зголеми на 2:0, а потоа Фабијан Џонсон ја потврди победата на Мехенгладбах на 3-0.

Овој натпревар го одбележа и враќањето на фудбалските терени на французинот Франк Рибери по пауза од 8 месеци и токму тој го постигна почесниот гол за составот на Пеп Гвардиола.

По 15 одиграни кола Баерн е прв со 40 бода, Борусија Дортмунд има 35, а Мехенгладбах се трети со 26.