Дел Потро, Бушар и Серена Вилијамс го потврдија учеството на Австралија опен 2016

Хуан Мартин Дел Потро, Серена Вилијамс и Ежени Бушар го потврдија учеството на првиот тениски Гренд слем турнир во новата сезона, Австралија опен кој започнува во јануари 2016 година.

aus open

Горенаведените тенисери веќе подолг период се надвор од тениските терени, а сезоната ќе ја започна со настап на големиот турнир во Мелбурн.

Серена Вилијамс, нема одиграно ниту еден меч се од септември кога беше поразена во полуфиналето на УС Опен. Разочараноста од неуспехот да се триумфира пред домашната публика Серена тешко го надминуваше, па реши да не игра до крајот на сезоната 2015-та.

Серена веќе е подготвена за новите предизвици во наредната сезона 2016-та, а во Мелбурн најавува атак на првата титула од четирите Гренд слем турнири, што е нејзина цел за 2016-година.

Ежени Бушар пак во Њујорк во незгода во соблекувалната доживеа потрес на мозокот, по што мораше да направи подолга пауза и да се повлече од сите турнири до крајот на годината.

Хуан Мартин Дел Потро е без настап уште од крајот на 2013 година, од кога ја влече повредата на раката поради која неколку пати мораше да предаде и меч. Сепак Дел Потро на крајот се реши за операција.

Неговите обиди во 2014 и 2015 година да се врати на терените завршија безуспешно. Сепак, шампионот на УС Опен од 2009-та година, е во полн тренажен процес и најавува „кам-бек’’ на средината на наредниот месец, односно, стартот на првиот Гренд слем во 2016-година, Австралија опен кој е закажан за 18 јануари.