Видео: Прва титула на Србија во светската одбојкарска лига!

Loading

Одбојкарите на Србија за првпат во својата историја ја освоија Светската одбојкарска лига, најпрофитабилното натпреварување во одбојкарскиот свет.

срвија одбојка

Тие во финалето, кое се одигра во Краков, славеа над Бразил со убедливи 3-0 во сетови 25:22, 25:22, 25:21.

Третото место на турнирот и припадна на Франција која со максимален резултат ја победи Италија.

Србија во своето шесто учество во финалните мечеви во Светската лига ја освои првата титула, додека Бразил остана на девет титули во ова натпреварување.

срвија одбојка1 срвија одбојка2

Српските одбојкари освоија и чек на 1 милион долари, а одиграа одличен меч, со цврста и дисциплинирана игра не му дозволи на Бразил во ниту еден момент да стигне во предност и да ја диктира играта.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ивовиќ со 16 поени, додека Бразил го предводеше Де Соуза со 18 поени.

срвија одбојка3

Србинот Марко Ивовиќ како МВП ја предводи идеалната постава на завршниот турнир.