Голем успех за младиот хрват, Шариќ потпиша за Филаделфија 76!

Loading

Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ својата кошаркарска кариера ќе ја продолжи во НБА лигата, а неговиот ангажман го потврдија 76-ките од Филаделфија.

шариќ

Новото европско засилување за НБА шампионатот доаѓа од екипата на Анадолу Ефес, а Хрватот важи за еден од најталентираните светски кошаркари на својата генерација.

Шариќ има 22 години, беше 12. пик на драфтот во 2014 година и тоа како избор на Орландо, но подоцна беше трејдуван во редовите на 76-ките кои две години подоцна го искористија правото да го доведат во своите редови.

филаделфија шариќ1

Шариќ со Хрватска минатата недела се пласираше на олимписките игри во Рио, каде на турнирот во Торино го освои првото место.