Шевченко ќе ја води Украина во квалификациите за пласман на СП 2018!

Легендата на украински фудбал Андриј Шевченко е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Украина.

шевченко

Шевченко на функцијата го наследи Михаил Фоменко, кој поднесе оставка поради лошиот резултат кој го оставри со репрезентацијата на ЕУРО 2016 во Франција.

Украина е единствената репрезентација која на ЕП го загуби сите три натпревара и која не постигна ниту еден гол.

Шевченко професионалната кариера ја заврши по ЕУРО 2012 година, а играчката кариера ја мина во Динамо Киев, Милан и Челзи.

За националниот тим настапил на 111 натпревари на кои постигнал 48 голови, а во 2004 година ја освои „Златната топка“, додека во 2005 година „Златната копачка“.

шевченко1

Украина во квалификациите за Светското првенство во 2018 година се наоѓа во И групата заедно со Хрватска, Исланд, Финска, Турција и Косово.