Италијанската серија А има нов лидер на табелата, а тоа е тимот на Наполи.
Тие во дербито на 14 коло против Интер славеа победа со 2-1 и со овој триумф се искачи на челната позиција на табелата во италијанскиот шампионат.
Натпреварот во Неапол го одбележа Аргентинецот, Игуаин, кој ги постигна двата гола за Наполи.
Водството на својот тим тој му го обезбеди по само 65 секунди игра, а вториот гол го постигна по еден час игра.
Интер, кој од 44.минута играше со фудбалер помалку, Нагатомо беше исклучен поради вториот жолт картон, водството го намали во 65.минута преку Љајиќ.
Во финишот интеровите фудбалери немаа среќа да стигнат до бод, бидејќи во еден ист напад два пати го погодија дирекот.
Наполи по ова коло е лидер на табелата со 31 бод, еден повеќе од Интер и два од Фиорентина, Рома е четврта со 27 бодови.
НАПОМЕНА – Доколку видеото не го отвора тука кликнете на Watch on Youtube…