Меси, Роналдо и Нејмар се финалисти за наградата ,,Златна топка,, за 2015

Loading

ФИФА и „Франс Фудбал“ ги објавија тројцата финалисти за овогoдинешната награда „Златна топка за 2015 година“ која традицинално се доделува за најдобриот фудбалер на светот.

Messi-Neymar-Ronaldo

Па така тројцата финалисти се Лионел Меси, Кристиано Роналдо и Нејмар.

Победникот ќе се одлучи на 14-ти јануари на гала церемонија, а најголем фаворит е Лео Меси поради титулата во Лигата на шампионите.

Во категоријата за најдобар тренер финалисти се Луис Енрике, Пеп Гвардиола и Жорге Сампаоли кој со Чиле ја освои титулата на Копа Америка.

Ballon-d-Or

За наградата „Пушкаш“, за најубав гол на сезоната ќе се борат Алесандро Флоренци од Рома, Лионел Меси од Барселона и Вендел Лира од Бразил.

НАПОМЕНА: Доколку видеото не го покажува тука кликнете на Watch on YOUTUBE…