Македонија доживеа нов срам во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако загуби во Луксембург со 1:0.
Со овој пораз македонските фудбалери сега се на последното место во квалификациската Група Ц за пласман на ЕП.
Трагичар на натпреварот во Луксембург беше Бесрат Абдурахими, фудбалерот кој пред една година во Скопје против Луксембург постигна гол во 93 минута со што и го донесе на Македонија по се изгледа единствениот триумф во овие квалификации, а на овој натпревар не реализираше пенал во 84 минута од средбата каде неговиот удар го одбрани голамнот Жубер.
Кога шансите не се искористуваат казната стигна на истекот на 92.минута кога Тил успеа да го совлада Пачовски по една одбиена топка од корнерот.
Со овој пораз дополнителни главоболки на селекторот Друловиќ му донесоа парните жолти картони кои ги добија Абдурахими и Ристовски, односно повредите со кои се здобија Трајковски и Мојсов поради што мораа да бидат заменети.
Следниот натпревар Македонија го игра на 8-ми септември на арената Филип 2 против првопласираната репрезентација на Шпанија која синоќа ја победи Словачка со 2-0.