ВИДЕО: Македонија одигра добро, но загуби од Грција со 85-65 на ЕП 2015

Loading

Македонската кошаркарска репрезентација во рамките на првото коло, во Групата Ц од ЕП 2015 во кошарка чии домаќин е Загреб, загуби од Грција со 65:85.

mkd2

Македонија добро го отвори мечот и на стартот поведе со 7:1, но Грците по тајмаутот ни направија серија од 0:11 која на крајот се покажа како решавачка за конечниот победник.

Македонија во вториот и третиот период во целост му парираше на фаворизираниот противник, во тие 20 минути македонските кошаркари постигнаа само два поени помалку од противникот.

Сепак последната четвртина донесе целосен пад во играта на Македонија што Грците го искористија и го приведоа мечот кон крајот со убедлив резултат од 85-65.

mkd3

Костоски со 20 поени ја предводеше Македонија, а двоцифрен број на кошеви за Македонија постигна уште и Војдан Стојановски, вкупно13.

Кај Грција се истакна триото Принтезис 18 поени, Бурусис 16 поени и 10 скока, Куфос 11 поени и 11 скока.

mkd1

Македонската репрезентација во второто коло ќе игра денеска против Холандија, натпреварот е закажан за 15 часот.